Истерувачите на духови се враќаат во кината после 30 години

На радост на фановите од постарата генерација, „Истерувачи на духови“ се враќаат после долго време на филмските платна. Продолжението на оваа култна научна серија излегува следното лето а дел од она што ги чека гледачите го открива првиот трејлер на филмот.

Во ова трето продолжение на филмот насловен како „Ghostbusters: Afterlife“, фокусот е ставен на тајните на едно семејство и на еден мал град што ја крие правата вистина од минатото. Самохрана мајка пристигнува со своите две деца во еден мал град каде почнуваат да се случуваат чудни работи. Наскоро, семејството започнува да ја открива сопствената поврзаност со оригиналните Ghostbusters и тајното наследство што го оставил нивниот дедо.

За поновите генерации кои ги немаат гледано првите два дела од филмот, „Ghostbusters“ е американска фантастична комедија од 1984 година со приказна поврзана за четири научници кои со помош на специјална опрема фаќаат духови низ улиците на Њујорк. Ова е најкомерцијалниот филм од 1984 година, со заработка од скоро 239 милиони американски долари во кината во САД по што резултираше со продолжение пет години подоцна „Ghostbusters 2“ (1989).

Трејлерот можете да го погледнете тука:

Остави коментар

Поврзани