Обожавателка на Еминем влезе во Гинисовата книга на рекорди

35-годишната обожавателка на Еминем од Шкотска, Ники Патерсон, има 52 тетоважи на своето тело, од кои дури 28 се посветени на Еминем (16 од нив се портрети на славниот рапер), благодарение на кои Ники влезе во Гинисовата книга на рекорди. Ники првпат дознала за Еминем кога ја слушнала неговата славна нумера „Стен“ на 14-годишна возраст, и оттогаш па се до денес е негов супер фан. Ники дури и своето куче го крстила по славниот рапер (Маршал) иако првично сакала својот син да го носи тоа име, но нејзиниот сопруг не се согласил на тоа. Сопругот Грег (45) не е обожавател на Еминем, но ја толерира страста на Ники, додека нивниот син Џошуа (8), не ги сака тетоважите на телото на неговата мајка, но му годи вниманието и славата што ја добила неговата мајка со нејзиниот светски рекорд. Погледнете како изгледа нејзиното исшарано тело:

 

Остави коментар

Поврзани