Погледнете што сè можете да купите во вредност од една кутија цигари во Австралија

Лево на сликата има кутија цигари (пакување од 40 цигари) која во Австралија чини околу 2000 денари, а на десна страна намирници кои може да се купат за таа сума на пари колку што вреди самата кутија цигари.

Австралија и понатаму е прва на листата држави со најскапи цигари во светот со цена од 20,86 американски долари по кутија цигари, додека последна е Нигерија со цена од 0,96 долари. Македонија на оваа листа се наоѓа на 77 место со просечна вредност на цигарите од 2,48 долари. Ова се првите топ 10 земји со најскапи цигари во светот:

1.Австралија 20,86 $
2.Нов Зеланд 18,75 $
3.Ирска 14,47 $
4.Велика Британија 14,02 $
5.Норвешка 12,83 $
6.Канада 11,20 $
7.Франција 11,13 $
8.Исланд 11,01 $
9.Сингапур 10,29 $
10.Израел 10,05 $

Целата листа може да ја погледнете на следниов линк

Остави коментар

Поврзани