Празничен секс

Убаво е кога државен празник се паѓа во петок, недела или понеделник. Имате поврзани дури 4 денови за одмор. Викендов имаме таков случај па да го искористиме максимално! Ако имате деца, ова е идеално време да ги пратите на поседок кај баба им и дедо им а вие, “нa работа”! Кога сакате да имате односи за време на празник, за поинтересен и повозбудлив секс, потребно е да соживеете со дадениот празник. Костими, улоги, како и подароци, доста ќе ви помогнат кон остварување на оваа цел. На пример за Нова Година, секс со Дедо Мраз и тоа како ги пали девојките. За денот на вљубените, добар и скап подарок и тоа како може да ви заврши работа! Е сега кога е државен празник, тука работата е малку покомплицирана… 23 октомври, ден на ВМРО! Хм…овде би требало да се обидете со костими дефинитивно. Мажите пуштете брк и брада, купете или позајмете комитска опрема (или доколку сте ВМРО-вец сигурно имате дома) и влезете во улога на Гоце, Даме, Питу, Никола (КАРЕВ, НЕ ГРУЕВСКИ). Употребувајте заменки за “алатот” од типот на кубур, кама, берданка, и обавезно користете турцизми кои тогаш а и денес биле и сеуште се актуелни. На партнерката обраќајте и се со “каурке” (тоа 100% ги пали жените – непроверено) и бидете доминантен за време на сексот. Имајте строго доги стајл секс а партнерката во таа позиција може да бакнува пиштол и кама напред додека вие ја работите од позади. Немој во никој случај да бидете гласни или пак да викате фрази од типот на “Напред ВМРО” зошто може многу лесно да добиете пријава за агитирање. На здравје празник! 🙂

 

 

Остави коментар

Поврзани