Секс на телефон

Во денешно време со напредокот на технологијата, секс на телефон и не е така табу тема. Денес сајбер сексот е доста актуелен а под него секако спаѓаат и повеќе типови на секс преку телефон како секс преку мобилен телефон (а таму имаш 1000 апликации преку кои можеш да оствариш видео или обичен повик), преку компјутер, таблет, паметен телевизор, тостер и уште многу други електронски направи, а се што ти треба е да имаш интернет. Порано да се јавиш од фиксен на мобилен беше исто дури и поскапо од тоа да се јавиш на HOT LINE, меѓутоа сега работите се доста сменети. Е сега, ние предлагаме класичен тип на секс на телефон, секс на фиксен.
Јавете му се на партнерот додека е на работа. Ако нема луѓе околу него или е сам во канцеларија, искористете го за малку секс преку телефон. Зборувајте му валкани работи и во исто време допирајте се по ерогените зони, само не му викајте нему да ви кажува валкани работи, зошто може да ве изненади со одговори како: Кујна, купатило, спална, итн! Натерајте го да се возбуди толку многу што не ќе може да се воздржи и ќе почне да мастурбира, само пред тоа нека се заклучи (ако е само во канцеларија) зошто многу лесно може да добие отказ а вие ќотек. Откако двајцата ќе свршите, спуштете слушалка и измиете ги рацете со сапун. 😀 На задравје!

Остави коментар

Поврзани